Македонија Анализа на ТВ 24

Мицкоски: Ќе одговараат оние кои пеат песни и играат фудбалчиња од ДУИ во државни институции и крадат

Мицкоски вели дека очекувањата на граѓаните се дека тие што пеат песни, играат фудбалчиња и ги понижуваат – да одговараат.

Мицкоски: Ќе одговараат оние кои пеат песни и играат фудбалчиња од ДУИ во државни институции и крадат

Во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24 претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека потребна е одговорност на оние што фудбалчиња играат по канцеларии.

„На 24-ти април кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ има одличен резултат во однос на кандидатот на СДСМ, се создава бран, демотивација, 8-ми мај ги поклопува 61 пратеник, реално сценарио. Знаете што ќе бидат очекувањата на гласачите што ги дале тие 61 пратеник? Ние ќе треба гнев да менаџираме во државата затоа што прво треба да ги повикаме на одговорност оние што фудбалчиња играат по канцеларии кои ги плаќаат граѓаните. Тоа се очекувањата на граѓаните тие што играат и ги понижуваат, што пеат песни по владини кабинети што ние ги плаќаме. Тоа ќе бидат очекувањата на граѓаните“, вели Мицкоски.

Мицкоски вели дека очекувањата на граѓаните се дека тие што пеат песни, играат фудбалчиња и ги понижуваат – да одговараат.

Најнови вести од Македонија

To top