Македонија се градеше во две фази

Мицкоски ќе го пушти во употреба експресниот пат Куманово-Крива Паланка на Коридор 8

Мицкоски ќе го пушти во употреба експресниот пат Куманово-Крива Паланка на Коридор 8

Утре со почеток во 12:30 часот претседателот на Владата, Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на експресен пат Куманово (Страцин) – Крива Паланка на Коридор 8.

Изградбата на експресен пат Крива Паланка – Длабочица – Страцин (Чатал) започна во мај 2018 година и е во должина од 25,55 километри.

Инвестициона вредност за изградба е во вкупно вредност од 93,7 милиони евра од кои 80,20 милиони евра се финансира со средства од Светска Банка и грант средства 13,50 милиони евра.

Експресниот пат се градеше во две фази и тоа:

Лот 1 делница, Длабочица – Страцин (Чатал) во должина од 15.55 километри Инвестициона вредност на изградба е 43,75 милиони евра, финансиран со средства од Светска Банка и грант средства.

Лот 2 делница, Крива Паланка – Длабочица во должина од 10 километри е завршено во рок. Инвестициона вредност на изградба е 50,54 милиони евра, финансиран со средства од Светска Банка и грант средства.

Свое обраќање пред присутните ќе има премиерот Мицкоски.

To top