Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги отфрли наводите дека доколку ВМРО ДПМНЕ дојде на власт ќе се зголемат меѓуетничките тензии. Тоа според него е само естрада на некои политичари кои се обидуваат својот криминал и неспособност да го покријат со пласирање на ваквите информации.
,,Зарем јас ви личам на човек кој може да подгрева меѓуетнички тензии. Јас и ВМРО ДПМНЕ сме столб за обезбедување на меѓуетничка хармонија во државата”, рече Мицкоски за Клан ТВ.
Честитајќи им ги рамазанските пости на верниците од муслиманска вероисповед, Мицкоски порача дека фокусот на ВМРО ДПМНЕ во изборната кампања ќе биде за подборо утре, помала корупција кај политичарите, борба за младите да останат во својата земја, владеење на правото,подобар стандард.