Македонија Гази Баба

Мицкоски: И Ковачевски и Ахмети на чело да тетовираат знаме на ЕУ и да се качат на врв на зградата на ЕУ, тие не стануваат тоа зошто до гуша се во криминал

Тој додаде дека на нивните митинзи играат оро, ама на Онкологија луѓе умираа затоа што немаше лекови.

Мицкоски: И Ковачевски и Ахмети на чело да тетовираат знаме на ЕУ и да се качат на врв на зградата на ЕУ, тие не стануваат тоа зошто до гуша се во криминал

„Победуваме силно затоа што во секој од вас се раѓа чувство на вознемиреност и длабоко во себе знаете дека е во прашање Македонија. За нашата татковина се работи“, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Гази Баба.

Мицкоски рече дека оваа власт со години го разграбува секое вредно парче слобода, печалат на грбот на работливиот народ, и се грижат единствено за личните џебови и богатење.

Посочи дека нема тука кај нив никаква идеологија, туку тендери, бизниси и матни зделки.

„Чувството на вознемиреност е што Ковачевски му ја сервираше Македонија на Али Ахмети, на Артан Груби и на Талат од Форино. Со 100 души од ДУИ се управува цела Македонија, а чираците од СДСМ исполнуваат се што ДУИ ќе посака. Го загубија идентитетот, се претопија во криминалот, некогаш големата партија СДСМ, ова раководство ја претвори во пудлица на Ахмети и неговите желби“, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека на нивните митинзи играат оро, ама на Онкологија луѓе умираа затоа што немаше лекови.

-Тие играат оро, а 600 илјади граѓани живеат со само 150 денари на ден. Инфлацијата три пати го изеде секое покачување на платите. Рекордери сме по корупција и криминал, неславни рекордери во Европа, рече тој.

„И денес гледам правеле митинг пред зградата на делегацијата ЕУ во центарот на Скопје, небаре ако се поблиску до зградата ќе бидат и тие ЕУ. Каква пародија. И Ковачевски и Ахмети на чело да тетовираат знаме на ЕУ и да се качат на врв на зградата на ЕУ, тие не стануваат тоа затоа што до гуша се во криминал. И се прочитани од народот како буквар“, порача Мицкоски.

„Неспособни редат на одговорни позиции. Членови на ДУИ и СДСМ со купени дипломи стануваат директори, а учените млади луѓе си одат надвор од Македонија. На овие избори се одлучува или тие, или Македонија. Или 100-тина души од ДУИ со чираците од СДСМ или народот на Македонија, вредните луѓе на оваа земја. Не се тие посилни од народ, затоа и народ ќе им се случи“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека по 8-ми мај Македонија ќе ја води способна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“.

To top