Македонија Бутел

Мицкоски: Граѓаните треба да бидат спокојни – правдата доаѓа!

Посочи дека во првите три дена по трагедијата во Кочани 34 лица се опфатени со истрагата, а акцијата продолжува.

Мицкоски: Граѓаните треба да бидат спокојни – правдата доаѓа!

Секој кој го прекршил законот, ќе одговара. И тука не треба да има дилема, порача премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање.

Посочи дека во првите три дена по трагедијата во Кочани 34 лица се опфатени со истрагата, а акцијата продолжува.

-Граѓаните треба да бидат спокојни. Правдата доаѓа. За разлика од принципот „Како до сега“ овој пат правдата доаѓа и правдата ќе се случи без разлика дали лицето е дел од некоја политичка структура или не. Нормално, кога зборуваме за мораториум зборуваме за еден временски период кој ќе биде даден на сопствениците да ги отстранат недостатоците или да се прилагодат на дискотека, кабаре или нешто друго. Тоа е добро да се потенцира за да нема дилеми. Суштината е сите оние кои доставиле документи, а не ги исполнуваат, согласно вонредните инспекциски надзор од Државен пазарен инспекторат, да ги исполнат условите, рече Мицкоски.

Најнови вести од Македонија

To top