Македонија средба

Мицкоски- Дуџак: Поддршка од Обединетите нации во клучните проекти што се предвидени во наредниот период

-На средбата беа разменети ставови за тековните прашања, како и за напредокот во имплементацијата на целите за одржлив развој.

Мицкоски- Дуџак: Поддршка од Обединетите нации во клучните проекти што се предвидени во наредниот период

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварив средба со Постојаниот координатор на Обединетите нации, Росана Дуџак.

-На средбата беа разменети ставови за тековните прашања, како и за напредокот во имплементацијата на целите за одржлив развој.
Ја истакнав важноста на соработката со Обединетите нации за подобрување на квалитетот на живот и стабилноста на земјата.
Росана Дуџак ја потврди посветеноста на Обединетите нации за продолжување на одличната соработка со институциите во државава и изрази подготвеност за поддршка во клучните проекти што се предвидени во наредниот период.
Средбата заврши со согласност за натамошно зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката во различни области од заеднички интерес, информира Мицкоски.

Најнови вести од Македонија

To top