Македонија Куманово

Мицкоски до кошаркарите: Македонија е со вас не само кога победувате, туку и кога паѓате со дигната глава!

Секоја капка пот на теренот е веќе победа, победа на инаетот, на борбеноста, на љубовта кон оваа земја. Се мери во пожртвуваност, во храброст, во тоа што не се откажавте!

Мицкоски до кошаркарите: Македонија е со вас не само кога победувате, туку и кога паѓате со дигната глава!

Во реновираната спортска сала во Куманово, под светлата на новиот почеток, Македонија гледаше борба, срце и чесна игра, објави премиерот Христијан Мицкоски.

-Македонија е со вас не само кога победувате, туку и кога паѓате со дигната глава! Овој натпревар беше повеќе од резултат, беше борба за боите што ги носите, за името што го браните, и за народот што стои зад вас со љубов и почит, напиша премиерот.

Facebook / Hristijan Mickoski

„Секоја капка пот на теренот е веќе победа, победа на инаетот, на борбеноста, на љубовта кон оваа земја. Се мери во пожртвуваност, во храброст, во тоа што не се откажавте! Ние знаеме што значи да се даде сè, па дури и кога е тешко. Вечерва не победивме на семафорот, но победивме во духот, затоа што покажавте за кого и како се игра! Играјте храбро и понатаму, ние сме зад вас! Македонија е тука и ќе биде со вас, секогаш“, напиша Мицкоски.

To top