Македонија „Важно е! Од тебе зависат промените“

Мицкоски денеска во општина Ресен

Мицкоски ќе го посети местото Макази, каде што требаше да се изгради обиколница, проект ветен од власта, но се уште не е реализиран.

Мицкоски денеска во општина Ресен

Денеска 07.11.2023 година (вторник), ВМРО-ДПМНЕ продолжува со кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ во општина Ресен.

Во 12:30 часот Претседателот Мицкоски ќе го пушти во употреба детскиот парк во центарот на општина Ресен.

По завршување, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе даде изјава за медиуми.

Понатаму, претседателот Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на завршените проекти, канализација на ул. „11 – ти Септември”, игралиштето во ООУ „Мите Богоевски”, градски стадион Ресен каде што е променета заштитната ограда околу стадионот, како и посета на ЈКП Пролетер каде што се набавени трактори со опрема за зимско одржување на улиците.

Мицкоски ќе го посети местото Макази, каде што требаше да се изгради обиколница, проект ветен од власта, но се уште не е реализиран.

Понатаму, претседателот Мицкоски ќе го посети населеното место Дрмени каде ќе започне асфалтирање на улица. А, веднаш потоа ќе оствари средба со земјоделците.

Мицкоски ќе го посети населеното место Перово и ќе присуствува на започнување на проектот изградба на канализација.

Потоа, Мицкоски ќе го посети населеното место Претор и ќе изврши увид во поставување на резервоар за водоснабдување.

Претседателот Мицкоски ќе го посети населеното место Сливница и ќе изврши увид во изградба на канализација, проект кој е во тек, како и увид на веќе реализиран проект детско игралиште.

Во 18:00 часот, претседателот Мицкоски ќе се обрати пред присутните граѓани пред Дом на културата во општина Ресен.

Најнови вести од Македонија

To top