Македонија

Мицкоски: Бидете сигурни, ниту еден објект кој не исполнува услови нема да биде оставен да функционира

Тука е дополнително проблемот правен затоа што за дискотеките сумата која требада се плати, надоместокот е поголем од тие што се лиценцираат за кабаре. Се истражува и бидете сигурни дека ниту еден објект кој не ги исполнува, како што стои во законот, минимум техничките услови, нема да биде оставен да функционира. Со сиот ризик и критика која потоа Владата ќе ја трпи, рече Мицкоски.

Мицкоски: Бидете сигурни, ниту еден објект кој не исполнува услови нема да биде оставен да функционира

Во моментов трае акција на Државен пазарен инспекторат на цела територија на државата, информира премиерот Христијан Мицкоски.

-Согласно законот за угостителство, се лиценцираат кабареа, отворени и затворени дискотеки. Нивната бројка е многу поголема од тие кои имаат законски  документ. Во 2007-ма е сменет законот, во тие измени документите кои ги доставува правното лице кое бара лиценца, тврди под морална, материјална и кривична одговорност дека ги исполнува условите. Проблемот е што екс-официо не се проверени тие документи. Така што, овој објект од 500 и нешто квадратни метри не може по ниту една основа да биде кабаре и да бара лиценца. Тука е дополнително проблемот правен затоа што за дискотеките сумата која требада се плати, надоместокот е поголем од тие што се лиценцираат за кабаре. Се истражува и бидете сигурни дека ниту еден објект кој не ги исполнува, како што стои во законот, минимум техничките услови, нема да биде оставен да функционира. Со сиот ризик и критика која потоа Владата ќе ја трпи, рече Мицкоски.

Премиерот посочи дека жали што досега сето ова се толерирало.

-Жалам што во Министерството за економија луѓето кога ги добивале документите не ги проверувале. Жалам што за 15 минути за одредена сума, надомест се давани овие лиценци, рече тој.

Најнови вести од Македонија

To top