Македонија средба

Мицкоски-Агелер: Зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката во различни области од заеднички интерес

Мицкоски-Агелер: Зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката во различни области од заеднички интерес
Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со Амбасадорката на САД, Ангела Агелер.
-На средбата беа разменети мислења и ставови за тековните политички и економски прашања, како и за напредокот на демократските процеси во земјата. Ја истакнав важноста на стратегиското партнерство помеѓу двете држави, потенцирајќи дека поддршката од американската страна е клучна за развојот и стабилноста на регионот.
Средбата заврши со согласност за натамошно зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката во различни области од заеднички интерес, пишува Мицкоски на Фејсбук.
To top