Македонија

Мицкоски: 2.000 вработени во Национални шуми ќе ги добијат своите заостанати плати

Мицкоски: 2.000 вработени во Национални шуми ќе ги добијат своите заостанати плати

Од тие информации со кои што располагаме е дека четири месеци таму плата не е поделена. Со ребалансот на Буџетот се обезбедија средства да биде поделена плата. Во текот на вчерашната седницата на Владата средствата од сметката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство беа префрлени на сметката на Национални шуми и во текот на денешниот ден, заедно со сопствените средства од производство на компанијата како што бев информиран од новиот директор проф. Здравко Трајанов, добив информација дека целосно ќе бидат сите заостанати плати, но и дел од побарувањата кон коминтентите, одговори премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање.

Претседателот на Владата Мицкоски истакна дека на следната редовна владина седница ќе бидат распределени средства за да се исплатат и платите на вработените од А.Д. Водостопанство.

„Така што направивме навистина еден голем исчекор повеќе од 350 милиони денари ќе бидат исплатени, 250 милиони од ребалансот и останатото од сопственото производство. Истото ќе се случи и со вработените во А.Д. Водостопанство веќе после следната седница на Владата, редовната е следниот вторник на 27 август“, истакна премиерот.

To top