Македонија останаа со половинка плата

Мицевски: Намалување на примањата на членовите во Комисијата на Агенцијата за пошти, од две, на една просечна месечна плата

Како парламентарно мнозинство остануваме посветени кон носење на законските решенија кои ќе гарантираат силна економија и подобар животен стандард, потенцира тој.

Мицевски: Намалување на примањата на членовите во Комисијата на Агенцијата за пошти, од две, на една просечна месечна плата

Во Прес салата на Собранието на Република Македонија, изјава за медиумите даде Јане Мицевски од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.

Продолжуваме да работиме во интерес на граѓаните, стопанството, компаниите и економскиот систем. Една од клучните одредби на промената на Законот за поштенски услуги е намалување на примањата на членовите во Комисијата на Агенцијата за пошти, од две, на една просечна месечна плата, што преставува намалување на паушалот за цели 50%, изјави Јане Мицевски од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Оваа мерка е во согласност со нашите напори за домаќинско и праведно распределување на буџетските средства.

Оваа постапка на Собранието не е изолирана. Таа е само дел од поширок процес, во кој исто така го намаливме бројот на државни функционери за над 60 функции, но и ги намаливме платите на избраните и именуваните функционери, се со цел да осигуриме дека државните средства се распределуваат поефикасно, а со тоа и да се зголемат платите на работниците во јавниот и приватниот сектор.

Чекор кон по еднакво и по праведно општество.

Во поширок контекст на економските реформи и подобрувањата кои ги спроведуваме, важно е да се истакне и значајната улога на евтините средства кон стопанството, рекордното ниво на странски директни инвестиции и силната реализација на капитални инвестиции, кој служат како финансиска инјекција во реалната економија, односно приватниот сектор.

Овие средства ќе бидат искористени за проекти кои очекуваме силно да влијаат на економскиот раст и подобрување на животот на граѓаните, преку поддршка на мали и средни претпријатија, но и реализација на проекти кои ќе бидат додадена вредност на македонската економија“, додаде Мицевски.

Како парламентарно мнозинство остануваме посветени кон носење на законските решенија кои ќе гарантираат силна економија и подобар животен стандард, потенцира тој.

Најнови вести од Македонија

To top