Македонија Министерство за финансии

МФ: Спроведен надзор над работењето на финансиските друштва – констатирани измамнички трговски практики

Министерството за финансии на сите финансиски друштва кај коишто утврди неправилности им наложи да ги отстранат сите реклами и натписи во деловните простории коишто би можеле да ги доведат граѓаните во заблуда. Во спротивно Министерството за финансии ќе ги преземе расположливите мерки во насока на заштита на граѓаните како корисници на финансиските услуги.

МФ: Спроведен надзор над работењето на финансиските друштва – констатирани измамнички трговски практики

Министерството за финансии во реализиран надзор над работењето на финансиските друштва констатираше одредени измамнички трговски практики коишто се однесуваат, маѓу другото на рекламирањето на финансиските услуги и други дејствија од финансиските друштва, спротивно на Законот за заштита на потрошувачите.

При надзорот констатирани се рекламирање со 0% камата, иако во договорот за кредит биле предвидени други дополнителни трошоци. Исто така, констатирани се неправилности коишто се однесуваат на рекламирање на финансиски услуги под брендови без да се наведе финансиското друштво коешто ја нуди конкретната услуга, потоа користење повеќе веб страни од страна на исто финансиско друштво, како и користење назив на друштвото во деловните простории различен од називот утврден во дозволата за работа на финансиското друштво.

Министерството за финансии на сите финансиски друштва кај коишто утврди неправилности им наложи да ги отстранат сите реклами и натписи во деловните простории коишто би можеле да ги доведат граѓаните во заблуда. Во спротивно Министерството за финансии ќе ги преземе расположливите мерки во насока на заштита на граѓаните како корисници на финансиските услуги.

Имено, во насока на усогласување со законските одредби, финансиските друштва се должни да го користат исклучиво називот согласно дозволата за работа издадена од Министерството за финансии, како и користење една веб страна, која јасно укажува за кое финансиско друштво станува збор. Согласно Законот за заштита на потрошувачите одредена трговска практика се смета како измамничка доколку во содржината изостануваат битни инфромации што на потрошувачот му се потребни за да донесе правилна одлука.

Најнови вести од Македонија

Теми на денот

To top