Започна судскиот процес против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко кој е обвинет за незаконско поставување на директори во четири основни училишта.
Мерко во судницата рече дека не чуствува вина за делата, кои го товари Јавното обвинителство. За незаконското поставување директори, тој истакна дека разбира за што е обвинет, но не се чуствувал виновен за кривичните дела, бидејќи, како што рече, направил континуитет во работата на основните училишта.
Три предмети се споени, додека за училиштето во Велешта се води посебен предмет оти има повеќе обвинети, кои се товарат за „Несовесно работење во службата“, а дел од нив се гонат и за кривичното дело „Фалсификување исправи“.
Судскиот процес против Мерко за четирите предмети ќе продолжи на 5 јули.