Македонија ЗА наша Македонија

Мемов: ЗНАМ ги „отвора вратите“ за сите членови на СДСМ, Филипче е продолжена рака на кланот Заеви

Мемов рече дека во СДСМ членуваат многу чесни и способни луѓе, членови кои ја сакаат Македонија.

Мемов: ЗНАМ ги „отвора вратите“ за сите членови на СДСМ, Филипче е продолжена рака на кланот Заеви

Движење ЗНАМ – ЗА наша Македонија денеска одржа прес конференција на која портпаролот Никола Мемов нагласи дека за македонската јавност е од исклучителна важност  кој ќе раководи со владата, но исто така битно е да има и силен коректор на политиките на владата, односно силна опозиција.

Мемов рече дека членовите на СДСМ избрале старо-нов Претседател на своите внатрепартиски избори поради тоа што директорот на Фондацијата Заев и негов близок бизнис партнер е продолжена рака на кланот Заеви и всушност претседател на СДСМ е повторно Зоран Заев.

„Од вкупно 80.000 членови на СДСМ за гласање се регистрирале околу 23.000, а на гласање излегле околу 12.000 членови. Со 9000 гласови за претседател е избран Венко Филипче. Само за потсетување, претходниот устоличен претседател, г-динот Ковачевски беше избран со околу 40.000 гласови. Самата постапка на регистрација, каде системот за евиденција ненадејно крахира на неколку саати, и одзивот на внатрепартиските избори на СДСМ говори за тоа во каква состојба се наоѓа СДСМ. Тоа е состојба на очај, раздор, подметнување, хипокризија, лицемерие и безидејност“.

Портпаролот на ЗНАМ, Мемов рече дека Движењето ЗНАМ за наша Македонија му го честита изборот на Филипче, иако исходот на внатрепартиските избори во СДСМ го оценуваат како недемократски и нелегитимен.

„Можеме да констатираме дека СДСМ ниту оддалеку не ја прими пораката од народот на последните избори и продолжува да биде партија која е узурпирана од една коруптивна група на луѓе кои ја држат партијата возаложништво исклучиво заради сопствената заштита од индициите за сторениот криминал во 7 годишното владеење“.

Мемов рече дека во СДСМ членуваат многу чесни и способни луѓе, членови кои ја сакаат Македонија.

„Но, СДСМ е партија која повеќе не припаѓа на членството и максимата или си СДСМ или не си веќе нема никакво значение. Во последните 11 години раководството на СДСМ се откажа од АСНОМ-те принципи и Крушевските постулати како темелина македонската држава и македонскиот народ. Заради неспособното и криминално владеење на раководството, СДСМ го доживеа најголемиот пораз од своето постоење, а денеска сме сведоци дека продолжува со истиот пристап и истите луѓе кои ги водат кон нов изборен дебакл на следните локални избори. На Македонија и е потребна здрава, способна и чесна опозиција која ќе биде коректор на власта. Вратите на Движењето Знам за наша Македонија се отворени за сите чесни луѓе кои ја сакаат Македонија и сакаат да дадат свој придонес за успешен развој на државата. Отворена е поканата за прием на сите чесни членови на СДСМ. Движењето ЗНАМ – За наша Македонија со своето учество во владата ќе биде гарантот дека никогаш повеќе работите нема да бидат исти во Македонија“ рече Мемов.

Најнови вести од Македонија

Теми на денот

To top