Македонија Министерство за правда

Меморандум за соработка во интерес на ефикасна правда

Со Меморандумот се зајакнува институционалната соработка, се намалуваат административните пречки и се гарантира фер и законито постапување.

Меморандум за соработка во интерес на ефикасна правда

Министерството за правда, Комората на извршители и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување потпишаа Меморандум со кој се воспоставува брза и директна размена на податоци за должниците кои се корисници на пензија.

Целта е да се обезбеди побрза и поефикасна размена на податоци за лицата-должници, корисници на пензија, со што ќе се овозможи:

– поголема правна сигурност за граѓаните,

– заштита на личните податоци и почитување на етичките стандарди,

– грижа за најранливите категории (пензионери со минимална пензија),

– јасни и транспарентни процедури,

– поефикасно спроведување на извршувањата.

Со Меморандумот се зајакнува институционалната соработка, се намалуваат административните пречки и се гарантира фер и законито постапување.

Министерството за правда продолжува да го гради правосудниот систем врз доверба, отчетност и транспарентност.

Најнови вести од Македонија

To top