Македонија Кинотека

„Меѓаши“ ќе го промовира документарниот филм „Гласна тишина“

Преку сведоштва на ученици, наставници и реализатори, филмот испраќа силна порака дека мирот е активен и секојдневен избор, соопшти „Меѓаши“.

„Меѓаши“ ќе го промовира документарниот филм „Гласна тишина“

Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ денеска во Кинотеката на Македонија ќе го промовира краткиот документарен филм „Гласна тишина“, по повод 15 години од спроведувањето на програмата за мировно образование.

-Документарниот филм ја прикажува трансформативната улога на програмата – од нејзините почетоци до денешните постигнувања, истакнувајќи ја важноста на мировното образование како алатка за градење ненасилна комуникација, доверба и инклузивни заедници. Преку сведоштва на ученици, наставници и реализатори, филмот испраќа силна порака дека мирот е активен и секојдневен избор, соопшти „Меѓаши“.

По проекцијата на документарецот „Гласна тишина“ ќе следува дискусија.

Најнови вести од Македонија

To top