Македонија албанската опозиција бара целосно отстранување

Меџити: Законот за игрите на среќа предвидува отстранување на објектите на обложувалниците, но не и на казината

Изет Меџити од албанската коалицијата „Вреди” денеска на прес-конференција во законодавниот дом рече предлог-законот за игрите на среќа во членот 10 предвидува отстранување на објектите на обложувалниците, но не и на казината, на минимално растојание од 500 метри од објектите на средните и основните училишта.

Меџити: Законот за игрите на среќа предвидува отстранување на објектите на обложувалниците, но не и на казината

– Какви тајни крие овој закон кој Груби и партијата на зелената агенда сакаат тајно да го шверцуваат еднаш со европско знаме еднаш со сицилијанско знаме. Ние ќе им кажеме стоп, затоа што оваа измама не смее да помине, односно предлог законот на ахметистите во член 10 предвидува отстранување на објектите на обложувалниците, но не и на казината, на минимално растојание од 500 метри од објектите на средните и основните училишта, рече Меџити.

Од албанската опозициска коалиција „Вреди“ итно побараа целосно да се отстранат, не само обложувалниците, туку и казината.

– Итно бараме од сицилијанскиот клан да тргне рака од масакрирање на нашето население. Итно бараме не само 500 метри, туку целосно да се отстранат не само обложувалниците, туку и казината. Покрај проектот казина во секоја уличка, Артан сега успешно го спроведува проектот казино во секоја куќа давајќи четири лиценци за онлајн казина каде партнер е Перпарим Бајрами, рече Меџити.

Тој ги посочи имињата на новооснованите компании, односно „Државна лотарија Моцарт“, која е основана во јануари 2024 година, „Државна лотарија Везув“ основана во јануари 2024 година, „Државна лотарија 77 битс“ основана во декември 2023.

Во врска со предлогот на Либерално демократската партија за дополнување на Законот за патните исправи, Меџити вели ќе го поддржат секое решение кое што оди во прилог и интерес на граѓаните.

– Владата покажа дека не е на ниво на задачата и ги остави голем број граѓани внатре во државата, како и надвор од државата, без нивна вина.

Најнови вести од Македонија

To top