Македонија форум за животна средина

Меџити: Воведувањето на еколошко управување со отпад во Тетово од страна на автриската компанија е модел за сите општини во земјава

Верувам дека ова ќе биде добар пример и за останатите општини’, изјави пред присутните првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.

Меџити: Воведувањето на еколошко управување со отпад во Тетово од страна на автриската компанија е модел за сите општини во земјава

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска беше дел од Австриско – македонскиот форум за животна средина што се одржи во Тетово.

На настанот на кој присуствуваа и министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, градоначалникот на Тетово Биљал Касами, австрискиот и словенечкиот амбасадор Мартин Памер и Грегор Прескер, Меџити рече дека овој форум е одлична можност за размена на искуства, идеи и стратегии што можат да се спроведат во нашите заедничките акции за заштита на природата и нашите ресурси.’

„Австрија има долга историја на заштита на природата и постигна извонредни резултати во областите на рециклирање, обновливи извори на енергија и зачувување на биолошката разновидност. Исто така, Македонија, со своите богати природни ресурси, има извонредна можност понатаму да развива еколошки политики и практики кои ќе донесат конкретни придобивки за нејзините граѓани и глобалната животна средина. Затоа оваа соработка, во делот на управувањето со комуналниот отпад, во една од најголемите општини во Полошкот регион е особено значајна за нас, бидејќи добрите практики од австрискиот начин на управување со комуналниот отпад можеме да видиме како се имплементираат и во нашата земја. Верувам дека ова ќе биде добар пример и за останатите општини“, изјави пред присутните првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.

Она што е особено важно на овој форум е меѓународната соработка, рече Меџити, и фактот што ние како две пријателски земји, Австрија и Македонија, имаме големи можности да учиме едни од други и да споделуваме знаења и успешни практики во областа на управувањето со животната средина.

Австриско-македонскиот форум за животна средина се организира по повод првата годишнина од јавното-приватно партнерство помеѓу австриската компанија Заубермахер и општина Тетово чија основна дејност е воведувањето на еколошко управување со отпад и има за цел размена на искуства за предизвиците, успесите и можностите во регионот во управувањето со отпад.

Најнови вести од Македонија

To top