Македонија Општина Чаир

Меџити: Секојдневно се работи за Чаир да го добие развојот што го заслужува

Ова е само почеток на новата ера за Чаир – општина на транспарентност, визија и работа на терен. Граѓаните веќе ги гледаат првите резултати од посветено владеење, порача Меџити.

Меџити: Секојдневно се работи за Чаир да го добие развојот што го заслужува

Новоизбраниот градоначалник на Општина Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, најави нов циклус на инфраструктурни инвестиции, нагласувајќи дека градежните активности во Стар Чаир се одвиваат со силен интензитет и според највисоки стандарди.

„Со голем интензитет и целосна посветеност продолжува изградбата на улиците во Стар Чаир. Секојдневно се работи по план и со одговорност, за Чаир да го добие развојот што го заслужува. Уредна и достојна општина за нашите граѓани!“, изјави Меџити.

Градоначалникот посочи дека со овие активности се исполнуваат ветувањата дадени во изборната кампања, со што Чаир се поставува на патот кон урбана трансформација и одржлив развој.

„Ова е само почеток на новата ера за Чаир – општина на транспарентност, визија и работа на терен. Граѓаните веќе ги гледаат првите резултати од посветено владеење“, порача Меџити.

Според него, тековните инфраструктурни проекти се само дел од пошироката стратегија за модернизација на општината, која ќе вклучува нови улици, подобрена улична инфраструктура, јавна хигиена и уредување на јавните простори.

To top