Македонија дивоградба

Меџити: Oсмани куќата, додека Груби и неговите браќа становите, ги изградија и ги проширија на диво

Синоќа, во емисијата клик плус на тв21, лидерот на Демократското движење, Изет Меџити, меѓу другото, за прв пат откри дека како и многу други граѓани, така и функционери на ДУИ, изградиле нелегални, или диви објекти. Конкретно, Меџити ги посочи кандидатот за претседател Бујар Османи и заменик премиерот Артан Груби, дека изградиле диви објекти и истите подоцна ги легализирале.

– За прв пат ви кажувам дека кандидатот за претседател Бујар Османи својата куќа ја има изграденo на диво, и јас како градоначалник му ја легализирав нему како и на многу други граѓани, па наместо да плаќа комунални такси по 110 евра за м2, тој плати 1 евро, што значи самиот тој изградил куќа на диво. Артан и неговите браќа имаат изградено доградба на станови, во Чаир, речиси половина зграда на диво и истите се легализирани, открива Меџити.

Најнови вести од Македонија

To top