Македонија берел печурки, го спасиле ловџии

Мечка нападна и тешко повреди старец во атарот на село Рилево

Од нападот тој се здобил со тешки повреди. Го забележале ловџии, кои викнале лекари. Повредениот човек веднаш бил пренесен во прилепската болница, а потоа, поради сериозноста на повредите, бил транспортиран на клиниките во Скопје.

Мечка нападна и тешко повреди старец во атарот на село Рилево

Вчера утрото, околу 10 часот, во атарот на село Рилево, општина Долнени, повозрасен маж бил нападнат од мечка додека собирал печурки.

Од нападот тој се здобил со тешки повреди. Го забележале ловџии, кои викнале лекари. Повредениот човек веднаш бил пренесен во прилепската болница, а потоа, поради сериозноста на повредите, бил транспортиран на клиниките во Скопје.

Жителите од прилепскиот регион, особено од општините Долнени и Кривогаштани, велат дека присуството на мечки во последно време е сè почесто и предупредуваат дека ваквите случаи би можеле да се повторуваат.

Најнови вести од Македонија

To top