Македонија

Марковска Илиевска: Арсовска помина цел мандат во изговори заради нејзината неспособност

Ја поздравувам предлог одлуката за измена на распоредот на средства во буџетот на Град Скопје за 2025 година, особено за ставките плати и придонеси за вработените во противпожарната единица и градот Скопје, истакна Марковска Илиевска

Марковска Илиевска: Арсовска помина цел мандат во изговори заради нејзината неспособност

На денешната седница на Советот на Град Скопје се обрати советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Анета Марковска Илиевска која на самиот почеток истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи одлуката за промена на средствата во буџетот, платите и придонесите за вработените во противпожарникарната единица.

„Ја поздравувам предлог одлуката за измена на распоредот на средства во буџетот на Град Скопје за 2025 година, особено за ставките плати и придонеси за вработените во противпожарната единица и градот Скопје. Сведоци сме на недостатокот на пожарникари и проблемите при извршување на работните задачи, па со оваа одлука ќе се овозможи вработување на нови пожарникари, кој број беше до сега преполовен од потребниот и пожарна Скопје, се надевам, ќе биде на ниво коешто доликува и од помош на Скопјани, па и пошироко“, истакна Марковска Илиевска.

Советничката се обрати до градоначалничката Арсовска и посочи да престане да манипулира со јавноста и прстот, заради нејзината неспособност, да го вперува кон ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа, од тука апелирам Арсовска да престане да манипулира со јавноста и со вработените велејќи им дека ВМРО-ДПМНЕ опструира, не гласа одлуки бидејќи помина цел мандат во изговори заради неспособноста да се справи со предизвиците и сеуште продолжува, за жал. Скопјани, бидете спокојни, следува обнова на Скопје од капитални до локални решенија а ова раководство ќе остане запамтено во историјата како најнеспособното“, децидна е Марковска Илиевска.

To top