Стожерот на македонската енергетика е РЕК Битола, ќе водиме грижа за него, нема да го оставиме во тие лоши услови како што ќе го начекаме и ќе се потрудиме во најкраток можен рок да ги санираме првично најважните проблеми кои ќе ни ги остават. Ќе зборувам и за други работи кои се во програмата за инвестиции елаборирани во програмата за инвестиции во енергетиката на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Елена Маркова Велинова, претседател на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната дебата „Енергетска платформа за иднина“ на тема „Концепт за инвестиции во енергетиката“ во Битола.
Маркова Велинова посочи дека гасификацијата како област е важна за Македонија и како што ја оставиле во 2017 година не се мрднати.
– Седум години тапкаат во место, ова значи дека веднаш по преземањето на власта ќе посветиме внимание на гасификација како изградба на интерконекторите за природен гас со соседните земји, потоа изградба на примарната инфраструктура со цел да можеме без проблем да се поврзат двете когенеративни постројки, но истовремено и на примарна преносна мрежа за гас и за другите градови со цел во иднина и таму да се направат постројки за топлинска и електрична енергија, потенцираше таа.
Маркова Велинова додаде дека посебно големо внимание ќе се обрне на дистрибутивниот систем за природен гас и тоа со правилна стратегија, со паролата „Гас до секое домаќинство во Македонија“ се со цел секој граѓанин да му биде овозможен пристап до природен гас. Знаеме, можеме и умееме.
– Ќе е надоврзам и на когенеративните постројки за топлинска и електрична енергија бидејќи таа треба да ја пренесеме до сите домаќинства Интензивно ќе започнеме со градба на топлификациони мрежи за почеток, Битола и Скопје, односно Скопје има но не во цел град и затоа ќе ја продолжиме. Најважното што го интересира секое домаќинство електричната енергија бомбардирани сме од фотоволтаици и ветерни електрани кои ги градат приватни тајкуни од кастата на СДС и ДУИ, земјата ни е земена, а од таа енергија немаме ни трага ни глас се продава по белиот свет, нагласи Маркова Велинова.
Маркова Велинова исто така посочи дека ВМРО-ДПМНЕ на ваквиот наплив со посебно внимание ќе пристапи, бидејќи кога енергијата е државата најлесно се управува, балансира, и најлесно се чува преносниот систем.
– Поради тоа одлучивме дека една од важните нишки е модернизација, правилен развој и стратегија за изградба на важни објекти во електропреносниот систем. Ќе модернизираме управување и за крај посебен ќе се следи квалитетот на електричната енергија до домаќинствата и ќе најдеме механизми сите стандарди за квалитет од ЕУ да ги има и Македонија. Се обврзуваме и дека сите барања ќе бидат дигитализирани со да се скрати и времето но и да се намали корупција, изјави Маркова Велинова.