-Денеска во Собранието на Република Македонија го поднесовме Законот за издавање на вредносни ваучери за студентите, напиша пратеникот Петар Марков на ФБ.
-Со овој закон се предвидува финансиска поддршка за младите преку ваучери за набавка на електронски уреди — персонален компјутер, лаптоп или таблет.
Право на ваучер ќе имаат сите студенти до 29 години, редовни и вонредни, запишани во учебната 2025/2026 година на државни и приватни високообразовни установи во Република Македонија.
– Ваучерите се издаваат во вкупен износ од 850.000.000 денари
– Секој ваучер ќе биде со вредност од 15.300 денари
– Се предвидува издавање на вкупно 55.000 ваучери
Целта на овој проект е јасна – поддршка за дигитална писменост, подобри услови за студирање и еднаков пристап до технолошки алатки за сите студенти во државата, посочи Марков.