Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Манасиевски: Вториот стожер на Стратегијата Македонија 2030 е економска конкурентност и нов модел на раст

Манасиевски: Вториот стожер на Стратегијата Македонија 2030 е економска конкурентност и нов модел на раст

Интегрален текст од изјавата на членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски:

„Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

Стратегијата „Ново поглавје – Македонија 2030“ поставува јасна цел за создавање на модерна и просперитетна држава што се потпира на работа, знаење и стабилни институции. Нашата економија мора да премине кон систем што создава вредност, а не зависност.

Вториот стожер кој денес го претставуваме е економска конкурентност и нов модел на раст. Нашиот фокус е структурна трансформација, односно од економија базирана на ниски плати во минатото, да се стремиме кон економија базирана на знаење, иновации и висококвалификуван кадар.

Имаме конкретни чекори и план како да стигнеме до оваа реализација. Развој на индустрии со висока додадена вредност, како модерна технологија, ИКТ, биотехнологија, фармација и инженеринг да бидат нашите двигатели на новата економија.

Следен чекор е дигитализација и автоматизација во бизнис-секторот. Само модерни компании можат да влезат во европските производствени и технолошки синџири.

Планираме голема поддршка за домашните претпријатија. Домашниот бизнис е мотор на економијата. Затоа, обезбедуваме подобри услови за инвестиции, пристап до капитал и намалени административни бариери.

Стабилен и предвидлив даночен систем. Ниту една компанија не би инвестирала во држава која ги менува правилата според дневна политика, затоа стабилноста е суштинска.

И последен чекор во овој стожер, но и многу важен е зелена транзиција и енергетска независност. Работиме на зголемени инвестиции во обновливи извори, модернизација на енергетските мрежи и развој на зелени технологии.

Почитувани граѓани,

Овој економски стожер ја поставува Македонија на траекторија на реален раст. Нашата цел е систем што создава можности, задржува талент и ја прави државата конкурентна во Европа. За да можат младите да останат да работат тука, да творат и да живеат дома, во Македонија.“

Најнови вести од Македонија

To top