Македонија „Само вистини“ на Канал 5

Манасиевски: Темата за мигранти е измислена и служи за ширење паника и манипулација меѓу граѓаните

Тој потсети дека токму оние кои денес се против мигранти, во 2018 година гласале на владина седница за изградба на мигрантски камп во Бардовци, како дел од тогашната влада на Зоран Заев.

Манасиевски: Темата за мигранти е измислена и служи за ширење паника и манипулација меѓу граѓаните

„Прво, сакам да констатирам дека оваа тема не требаше воопшто да се започне, бидејќи ова е измислена тема од една партија којашто има само 120.000 гласови и во безидејност и заштита на своите криминалци во партијата и криминалите коишто во изминатите 7 години ги имаа направено, најде еден начин да се произнесе во медиумскиот простор и да најде некоја тема за наводни мигранти“, рече Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во емисијата „Само вистини“ на Канал 5 телевизија.

Манасиевски истакна дека со изгласаната Резолуција во Собранието е потврдено дека ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Владата преговарале, не преговараат, ниту ќе преговараат за какво било сместување мигранти во Македонија.

Тој потсети дека токму оние кои денес се против мигранти, во 2018 година гласале на владина седница за изградба на мигрантски камп во Бардовци, како дел од тогашната влада на Зоран Заев.

„Многу е важно исто така да се напомене дека кога имате вие демант и од премиер на држава, претседател на држава, кога имате демант и од Британска амбасада и вие упорно продолжувате да сеете страв да ширите паника низ државата, да воведувате некаква хистерија дека ќе дојдат мигранти, тоа е веќе кривично дело. Зошто? Бидејќи вие свесно ширите паника и манипулација меѓу граѓаните“, заклучи Манасиевски.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Најнови вести од Македонија

To top