Македонија локални избори

Манасиевски: СДС и Каја Шукова губат прв круг, во мандат на Шукова во МЖСПП бевме труени со отровен мазут

Во октомври, Каја Шукова ќе биде испратена во трајна политичка пензија. Скопје го очекува многу труд и многу работа со Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ДПМНЕ, додаде Манасиевски.

Манасиевски: СДС и Каја Шукова губат прв круг, во мандат на Шукова во МЖСПП бевме труени со отровен мазут

СДС И Каја Шукова губат прв круг, во мандатот на Шукова во МЖСПП бевме труени со отровен мазут, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој постави парашање: Кој може да очекува од жената која дозволи систематско труење во Скопје и Македонија, и не кажа ниту збор, дека баш сега би направила нешто за подобар воздух?

„Многу е јасно, Шукова имаше време да направи нешто, да се издвои, но таа својот мандат како министер го преспа во шинелот на Заев, аминувајќи го загадувањето, за бизнис интереси.

Шукова е лице на трулата политика на СДС изминатите 7 години додека беа на власт.

Секој скопјанец кога ќе ја види Каја Шукова му текнува на Заев, провизиите за јаглен и набавката на отровен мазут.

Каја Шукова беше министер кој можеше да крене глас, но таа избра да молчи и дозволи и Скопје и Македонија систематски да бидат труени“, потенцира во изјавата.

Во октомври, Каја Шукова ќе биде испратена во трајна политичка пензија. Скопје го очекува многу труд и многу работа со Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ДПМНЕ, додаде Манасиевски.

To top