Македонија прес-конференција

Манасиевски: СДС и ДУИ се синоним за предавства, криминал и неспособност

СДС се повеќе тоне заедно со ДУИ во безличностата, и во својата неспособност, потенцира Манасиевски.

Манасиевски: СДС и ДУИ се синоним за предавства, криминал и неспособност

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање дека СДСМ и ДУИ веќе цел месец обвинуваат дека истрагата за Кочани се води селективно со цел да се заштитат високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Кој е неговиот став?, истакна:

„СДС и ДУИ се синоним за предавства, криминал и неспособност.

Во историјата на Македонија немало акција каде било уапсен актуелен министер, актуелен градоначалник, поранешни градоначалници и министри во исто време.

Брутално безобразие е партиите СДС и ДУИ да велат дека има селективна акција истите тие чии претседатели се товареа со украдени пари.

Венко Филипче не кажува дали има златна виза, а за Заев е познато дека има.

Да потсетиме за модуларната болница каде виновникот број еден тогашниот министер за здравство, а сега привремен чувар на фотелјата во СДС немаше заедно со тогашниот премиер Заев ниту еден притворен.

СДС се повеќе тоне заедно со ДУИ во безличностата, и во својата неспособност“, потенцира Манасиевски.

Најнови вести од Македонија

To top