Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Манасиевски: Лицемерието на Филипче е огромно, по летувањето со Заев на милионската јахта во Грција, сега на зимување во Дубаи

Додека тука во Македонија, Филипче говори дека тешко се живеело, луѓето едвај сврзувале крај со крај, платите биле ниски и слични манипулации од негова страна, паралелно замина на одмор во Дубаи, една од најскапите држави во светот, додаде во изјавата.

Манасиевски: Лицемерието на Филипче е огромно, по летувањето со Заев на милионската јахта во Грција, сега на зимување во Дубаи

Лицемерието на Филипче е огромно, по летувањето со Заев на милионската јахта во Грција, сега на зимување во Дубаи, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека тука во Македонија, Филипче говори дека тешко се живеело, луѓето едвај сврзувале крај со крај, платите биле ниски и слични манипулации од негова страна, паралелно замина на одмор во Дубаи, една од најскапите држави во светот, додаде во изјавата.

Филипче нема само едно лице, туку повеќе. Еднаш е загрижен за пензионерите, ама од друга страна сака да им ги укинат зголемувањата на пензиите, друг пат е загрижен за младите, меѓутоа неговата партија ништо не направи додека беа на власт за младите а толку многу ветуваа, трет пат е загрижен за пациентите во здравството, како воопшто да не беше министер за здравство и како да не местеше тендери и анекси за 20% повеќе да заработи, четврт пат е загрижен за земјоделците, но во негово владеење и неговите партнери, не им се исплаќаа субвенциите на земјоделците и производите завршуваа на буниште и пред влада, и така натаму да не ги редиме многу се, потенцира Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Меѓутоа, на СДС не им пречи тоа што Венко со докторска и пратеничка плата има недвижност во Дубаи, според сведоштвата за коишто не слушнавме од него демант. Како стигнал до тие средства, треба АКТ на СДС да истражи.

Исто така на СДС и Венко не им пречи тоа што Заев, земјоделец од Струмица, стана милионер и гради 42катница во Дубаи. Како Заев стигнал до милиони за бизнис и градење на висококатница во Дубаи, АКТ на СДС треба и тоа да го истражи.

Почитувани граѓани, на СДС не им е до реформа или освежување на кадарот. Тие си тераат по теркот на Заев, потпишан од Филипче.

На СДС единствено што им пречи е тоа што не се власт. А дека не им е грижа за проблемите на граѓаните, видовме од нивното 7 годишно владеење.

Очекуваме во новата 2026 година, криминалците како Зоран Заев и Венко Филипче, конечно да одговараат“, изјави на дененшната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од Македонија

To top