Филипче и Заев се тендер тандем, нив не ги интересира народот, туку провизиите за висококатници во Дубаи. Филипче кој е директно поставен од Заев, го интересира власта, само за да се дофати да лапне уште некој тендер, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Омилениот пион на Заев, Венко Филипче, кога беше министер за здравство, во ек на КОВИД кризата, направил јавна набавка за томографии, за кои што македонските граѓани платиле дополнителни 15 милиони денари.
Овие двајца мајстори за афери и тендери, по првиот јавен повик за томографии на кои што требало да се плати 21 милион денари, си одлучиле дека тоа не им одговара, си го поништиле тендерот и си направиле нов, поскап за 15 милиони денари и со иста фирма.
Да резимираме, Заев и Филипче си средиле тендер по нивен терк, поскап за граѓаните, во ек на КОВИД криза каде што граѓаните секојдневно бараа вакцини“, додава Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
-Тандемот Заев и Филипче, треба да одговорат дали вредеше уништувањето на македонското здравство и достоинство, за висококатница во Дубаи? Заев го испративме во историјата, Ковачевски го испративме во историјата, Филипче ќе го дочека истото, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.