На овој ден, мораме да признаеме дека официјално мигранти во Македонија ќе има. СДС и Филипче беа во право и никогаш не го лажеа македонскиот народ. На овој важен датум, мораме да признаеме и дека нема зголемување на пензиите за пензионерите, нема зголемување на платите за работниците и нема намалување на инфлацијата, немаме најевтино гориво во регионот и Европа, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Денес, мораме да признаеме дека Филипче и СДС се потполно во право. Немаме напредок во Реформската Агенда и не сме лидери на Балканот во овој сегмент. Ние немаме визија како се води држава, но затоа ги слушаме советите на Зоран Заев и Венко Филипче кои, мораме да признаеме, навистина успешно ја водеа државата, додаде Манасиевски.
„На ваков ден мора да си признаеме, лидери како Заев и Филипче – Македонија немала. Чесни и патриоти луѓе. Луѓе кои никогаш не згрешиле на македонскиот народ. Луѓе кои секогаш стојат на зборот и секогаш го исполнуваат. Немаат ниту една дамка во овие изминати години кои може да се поврзат со Венко Филипче, Зоран Заев или со СДС.
Денешниот датум не потсеќа дека Заев и Филипче секогаш мислеа на граѓаните, а не на тендерите. Тие први носеа вакцини во ковид кризата, први намалија цени на електричната струја во енергетската криза, први намалија цена на горива кога пред некоја година дивееја цените во светот. Да потсетиме дека тие отворија преговори со ЕУ, и дека датумот е на маса и само се чека потпис на документот“, потенцира тој во изјавата.
За крај, дозволете да го честитам први април – денот на СДС, рече Манасиевски.