Од ноќта меѓу саботата и неделата паѓа снег во Македонија. Брзата реакција на службите доведе до тоа да уживаме во зимска идила, наместо во неред и сообраќаен хаос. Тоа е така бидејќи државните служби задолжени за чистење на патиштата беспрекорно си ја сработија својата работа.
Патиштата се проодни и граѓаните слободно можат да се движат како во своите населени места, така и по регионалните матишта патувајќи до дома или до своето работно место.
Од Министерство за транспорт информираа дека дежурните екипи на ЈП Македонијапат и во текот на ноќта во континуитет беа на терен и вршеа расчистување на сите државни патишта со цел да ги оддржат проодни за сообраќај.
-Сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот. Службите на ЈП Македонијапат со целокупната механизација и работна сила продолжуваат со расчистување за нормално одвивање на сообраќајот на државните патишта. Апелираме до сите возачи да ги почитуваат законските одредби за одвивање на сообраќај во зимски услови и задолжително да поседуваат зимска опрема за возилата, внимателно да управуваат со возилата да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, како и да ги почитуваат препораките од сообраќајните служби, соопштија од Министерството за транспорт.
Според информациите од УХРМ, врнежи од снег со променлив интензитет во утринските часови се бележат низ целата држава.
-Затоа апелираме да се следи временската состојба и граѓаните кои планираат да патуваат навреме да се информираат од сообраќајните служби за условите на државните патишта. Исто така апелираме до професионаланите возачи на тешки товарни возила да се информираат за условите на патиштата и препораките за сообраќај, соопшти Министерството за транспорт.
ЈП Македонија пат во континуитет ја следи состојбата на државните патишта и соодветно реагираат со целокупната механизација на терен, потенцираат од Министерство за транспорт.
КУРИР дојде до видеа од патиштата ширум Македонија. Во истите можете да видите каква е состојбата по чистење на снегот.