Македонија

МАКЕДОНИЈА ПОД СНЕГ: Вистинска зимска идила на планините и скицентрите во земјава среде пролет (ФОТО)

Вчерашниот влажен и студен воздушен бран кој ја зафати територијата на Македонија, донесе снежна убавина на Скијачките центри Попова Шапка и Маврово, а на Попова Шапка наврнаа дури 15 cантиметри снег.

МАКЕДОНИЈА ПОД СНЕГ: Вистинска зимска идила на планините и скицентрите во земјава среде пролет (ФОТО)

Освен на Попова Шапка и Маврово снег утрово има и на сите планини во земјава, а снегот ја покри и Пониква како и планината Галичица.

Слаб снег вчера падна и во Нижо Поле во Битола.

Инаку времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утре под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни и поројни, проследени со ретки грмежи и засилен ветер. Потоа во следните денови ќе има повремени локални врнежи од дожд со слаб, а во четврток наместа со умерен интензитет.

Најнови вести од Македонија

To top