Македонија арм

Македонија ќе набавува транспортни хеликоптери од Италија

Македонија ќе набавува повеќенаменски транспортни хеликоптери од Италија. Владата на денешната седница ја усвои информацијата од Министерството за одбрана за потребата на доделување договор за набавка на повеќенаменски транспортни хеликоптери, со склучување договор со Италија.

Од Владата по седницата известија дека министерката за одбрана, Славјанка Петровска, е овластена во име на Владата да го потпише Аранжманот за соработка во полето на воената хеликоптерска авијација.

„Согласно потребата за реформа на одбранбениот сектор и негова интеграција во НАТО, утврдена во Стратегискиот одбранбен преглед, како што е соопштено од Министерството за одбрана, се постапува по Долгорочен план за модернизација и опремување на Армијата на Република Северна Македонија, за постигнување целосна интероперабилност со армиите на земјите партнери во НАТО“, информираа од владината прес-служба.

Владата, на предлог на Министерството за одбрана, на денешната седница донесе и Одлука за испраќање припадници на македонската армија, за учество во НАТО мисијата „Зајакнато истурено присуство“ (Enhanced Forward Presence -eFP ) во Република Летонија.

To top