Македонија ИЈЗ

Македонија е рекордер по бројот на пушачи на цигари

Македонија е рекордер по бројот на пушачи на цигари

Македонија е рекордер по бројот на пушачи на цигари, покажуваат податоците од Институтот за јавно здравје.

Бројот на активни пушачи во земјава изнесува 45,4 отсто. Постојат мал процент на луѓе, 5% кои се обиделе и се откажале од пушењето во последните години.

Од Институтот велат дека само 43 лица се јавиле во советувалиштата во 2023 година и нема голема заинтересираност за откажување од пушењето.

Од Институтот нагласуваат дека ако еден од најголемите и најзастапени ризик-фактори кај речиси сите видови хронични незаразни заболувања, употребата на тутун сериозно придонесува кон нарушувањето на општото здравје на популацијата.

Кардиоваскуларни, респираторни, репродуктивни, малигни, ендокрини и многу други видови заболувања можат да се јават како последица од редовна употреба на тутун.

За споредба, во Европската Унија пушачи се 18,4 отсто, а во светот 17 отсто од населението.

Просекот на возраста на која младите почнуваат со пушење изнесува 13,5 години.

To top