Македонија технолошки парк

МАКЕДОНИЈА ДОБИВА СВОЈА „СИЛИКОНСКА ДОЛИНА“ Најмодерен технолошки парк ќе се гради во Скопје, најави Владата

„Паркот ќе претставува катализатор за економски раст, соработки меѓу наука и бизнис, и регионален развој“, соопшти Владата.

МАКЕДОНИЈА ДОБИВА СВОЈА „СИЛИКОНСКА ДОЛИНА“ Најмодерен технолошки парк ќе се гради во Скопје, најави Владата

Владата  ја усвои Информацијата за отпочнување активности за основање на Мултифункционален научно-технолошки парк, кој ќе претставува национален центар за иновации, знаење и нови технологии, со цел креирање на производи и услуги со висока додадена вредност.

Како што соопшти владината прес-служба, анализата покажала дека техничкиот кампус на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е идеална локација за поставување на ваков парк. Локацијата нуди интеграција со академската средина, пристапност преку патна, автобуска и железничка инфраструктура, близина до автопат и аеродром, како и потенцијал за привлекување домашни и странски компании, инвеститори и стартапи.

„Паркот ќе претставува катализатор за економски раст, соработки меѓу наука и бизнис, и регионален развој“, соопшти Владата.

Планирано е објектот (или комплексот) да располага со современа електрична и телекомуникациска инфраструктура, како и со флексибилни и функционални работни простори, прилагодени на потребите на иноватори, истражувачи, студенти и претприемачи.

Овој технолошки парк се очекува да стане центар за трансфер и комерцијализација на знаење, како и клучна алатка за задржување млади таленти и поддршка на претприемничкиот дух во земјава.

Владата, на предлог на Министерството за транспорт, ја разгледа и усвои Информацијата за отпочнување со реализација на неколку улици во Општина Гевгелија. Тоа се: реконструкција на главна улица во село Моин, реконструкција на улица „Атанас Ѓуров“ во село Прдејци и реконструкција на улица „Иван Марков Братот“ Богородица, како и проектот: Изградба на водоснабдителен систем во село Љубанци и село Љуботен во Општина Бутел.

Најнови вести од Македонија

To top