Македонија е вклучена во европски проект под раководство на италијанскиот Универзитет во Удине, кој има за цел да се зачуваат популациите на големи месојадни животни, преку тестирање на иновативни решенија за нивната заштита обновување на нивните живеалишта. Проектот е со наслов Зајакнување на соработката за справување со социјално-еколошките предизвици на водечката иницијатива на ЕУСАИР, заштита и унапредување на копнени живеалишта и екосистеми (PET HAB ECO). Финансиските средства за поддршка и реализација на овој проектот, во кој е дел и Македонија, се обезбедени од Европски Фонд за Регионален Развој (ESRR).
Покрај Македонија, во проектот се вклучени се осум држави од Јадранско-Јонскиот регион како Италија, Албанија, Хрватска, Грција, Црна Гора, Србија и Словенија. Во рамките овој проект се предвидени дејствија кои се фокусирани на зајакнување на прекуграничниот мониторинг на видови, превенција и намалување штетата, заедничко креирање на активна заедница на засегнати страни за поттикнување учество и иновативни иницијативи за соживот.
Активностите ќе се спроведуваат во неколку природни подрачја на Североисточните Алпи, Динарските Алпи и Пинд, каде што живеат големи месојадни животни, кои што подрачја заедно претставуваат дом за над 4000 волци и мечки и повеќе од 200 рисови.
Раководителите на проектот соопштуваат дека за негова имплементација ќе се спроведат три главни активности.
„Прво, ќе се зајакне соработката за хармонизација на процедурите и техниките за мониторинг на популациите на месојадни животни. Покрај тоа, ќе се зголеми транспарентноста во собирањето и интерпретацијата на податоците, со цел подобрување на знаењето за распоредот и еколошката улога на големите месојадни животни. Второ, ќе се промовира усвојувањето на поефективни процеси на учество за поддршка на иновативното управување со живеалиштата на големите месојадни животни. Третиот сет на активности ќе се фокусира на создавање можности за локалните заедници, како што е мрежата на „Живи лаборатории“. Тоа се живи лаборатории во кои заедниците и засегнатите страни активно учествуваат во истражувачки и управувачки активности“, соопштија од Универзитетот во Удине, Италија.
Од таму посочуваат дека целта на европскиот проект, предводен од Универзитетот во Удине, Италија е да го подобри соживотот меѓу луѓето и големите месојадни животни како што се рисови, волци, мечки, шакали и да ја зајакне нивната заштита како клучен елемент за зачувување на биодиверзитетот во екосистемите каде овие видови имаат значајна улога.
Дополнително, проектот има за цел да се зачуваат популациите на големи месојадни животни преку тестирање иновативни решенија за нивна заштита и обновување на нивните живеалишта, со зајакнување на зелената инфраструктура, намалување на конфликтите во соживотот и подобрување на еколошката поврзаност.
Проектот нуди можност за примена на иновативни стратегии во управувањето и заштитата на природата, кој ќе овозможи зајакнување на системите за мониторинг на големите месојадни животни и идентификување стратегии за подобрување на соживотот со луѓето. Дополнителна предност ќе биде заедничкото развивање на стратегии за ублажување и превенција на ризикот од штети и повреди кои произлегуваат од негативни интеракции со домашни животни.
Раководителите на проектот велат дека за постигнување на очекуваните резултати, проектот ќе биде насочен кон зајакнување на мониторингот и заедничкото собирање податоци на транснационално ниво, подобрување на стратегиите и мерките за превенција и намалување на ризикот од штети предизвикани од животните, активно вклучување на локалните заедници и засегнатите страни како земјоделци, сточари, ловци и ко-креирање на иновативни практики и иницијативи за управување со земјиштето и поттикнување на соживот меѓу луѓето и големите месојадни животни.
Проектот започна во септември годинава, а ќе трае до крај на август 2027 година.