СВР Битола поднесе кривична пријава против Т.Т.(28) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Во мај 2023 година, во повеќе наврати преку посредници кои ги користела како транспорт без нивно знаење, во пакет со храна, пријавената пренесувала марихуана до осуденик во Казнено-поправната установа Затвор Битола.