Лидија Бибановска има 45 години, сопруга е и мајка на 2 малолетни деца. Во моментов води тешка битка и бара помош од хуманите македонски граѓани.
-Пред 2 години ми беше дијагностициран карцином на дојка Трипле Негативе Бреаст Карцинома, примив 8 хемотерапии и 16 зрачења. Меѓутоа по само 3 месеци карциномот се прошири на црниот дроб и на белите дробови. По направени дополнителни испитувања и истражување се покажа дека во Македонија за жал нема соодветна терапија за овој тип на карцином. За среќа најдовме таргетирана терапија во Србија која се покажа дека влијае на намалување на карциномот. Лекот се вика Sacituzumab Govitecan ( Trodelvy). Досега со помош на најблиските примив 4 терапии кои се примаат на интервал од 20 дена. Еден интервал чини 5500 евра. Тоа значи, на секои 20 дена се потребни нови 5500 евра. Успеавме да собереме средства за уште 2 дополнителни циклуси, но за да оздравам или да се стави под контрола болеста е потребно време, трпение, борба и секако материјални средства кои ние самите не можеме да ги обезбедиме, посочи Лидија.
Им се обраќа на граѓаните и ги замолува за помош.
-Го сакам животот, но најмногу од се ги сакам моите деца. Помислата да останеме еден без друг ме боли повеќе од борбата со самиот карцином. За секоја подадена рака, искрено и огромно Благодарам, рече Лидија.
Хуманите граѓани кои се во можност да донираат, тоа можат да го направат НА ОВОЈ ЛИНК