Македонија

Магла на планинскиот превој Ѓавато, видливост од 50 до 100 метри

Магла на планинскиот превој Ѓавато, видливост од 50 до 100 метри

Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 100 метри има на планинскиот превој Ѓавато, соопшти ЈП Македонијапат.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот.

Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Скопје, Куманово и Гостивар, но во моментов, како што велат од ЈП Македонијапат, не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

Од ЈП Македонијапат апелираат до сопствениците на возила на патниот правец Ски – центар Маврово – Бунец преку Никифорово и Леуново да ги отстранат возилата поради непречена работа на нивните екипи.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Најнови вести од Македонија

To top