Македонија

Магла на патот Лисец – Попова Шапка

Магла на патот Лисец – Попова Шапка

Појава на магла и намалена видливост до 40 метри има на патниот правец село Лисец – Попова Шапка, информира ЈП „Македонијапат“.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Додаваат дека нивните дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Најнови вести од Македонија

To top