Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 100 метри на патниот правец Скопје-Демир Капија, информираат од АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.