Важноста на овие избори не е во тоа дали ќе ги задржиме нашите позиции туку да ја сочуваме државата, нејзината стабилна и предвидлива иднина. СДСМ е силна, голема, моќна партија која поминала низ бројни премрежја од кои излегувала посилна. Не смееме да заборавиме низ што поминавме, и ние и нашата држава. Не смееме да ги заборавиме оние мачни години, години на прислушување, на закани, на молк, на навреди, рече носителката на третата изборна единица Сања Лукаревска, вечерва во Крива Паланка.
-Победивме заедно со народот, со слободољубивите граѓани, го исполнивме нашето најголемо ветување-живот во слобода. Сега ви ветуваме ИДНИНА, предвидлива, спокојна, европска. Затоа, клучно е СДСМ да победи на изборите. Сите добро знаете дека не претерувам кога велам дека само кога СДСМ победува, победници се и државата и граѓаните.
Лукаревска истакна дека во времето на кризи ниту еден граѓанин не беше заборавен.
-Се грижевме за сите граѓани, да им останат работните места, да добијат помош оние кои работат во приватниот сектор, непречено да тече исплатата на пензиите, социјалната помош, помошта за најранливите. Не ги заборавивме ниту земјоделците, ниту сточарите.
За нас проблемите се предизвик. И тука сме. Се бориме со проблемите, не ги сокриваме, не ги подметнуваме кај друг. И затоа ќе победиме. Сите ќе победиме.
Знам дека Крива Паланка и на 24 април и на 8 мај ќе го направи најдобриот избор- Стево Пендаровски и Социјал демократскиот сојуз на Македонија. Ви ветувам дека заедно ќе ја прославиме победата. Тоа е победа на граѓаните, победа на Европска Македонија. Нема откажување од иднината, таму е нашата заедничка победа, рече носителката на третата изборна единица, Сања Лукаревска.