Македонија Ветениот фонд го нема

Лозановска: ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи никогаш повеќе да се прави пиар со болни како што е случајот со Леонид, а пари за лекување нема затоа што СДС и ДУИ седум години само местеа тендери и крадеа

Посочи дека Леонид има 18 години, ама Фондот ветен за лекување во 2016 го нема.

Лозановска: ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи никогаш повеќе да се прави пиар со болни како што е случајот со Леонид, а пари за лекување нема затоа што СДС и ДУИ седум години само местеа тендери и крадеа

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи никогаш повеќе да се прави пиар со болни како што е случај со Леонид, а пари за лекување нема затоа што СДСМ и ДУИ, седум години само местеа тендери и крадеа. Владеењето на СДС и ДУИ многу ги чини граѓаните, цената на чинење често во овие седум години се покажа дека е и во човечки животи, вели Олга Лозановска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

-Последен случај е оној со младиот Леонид Индов со кој се сликаа и наводно го пратија на лекување на 6 февруари, но за две недели веќе му рекоа нема да се плати лекувањето.
Фондот за здравствено осигурување вели барањето за Леонид било за извршување медицинска услуга-рехабилитација, а не упатување на лекување, односно законот познавал само лекување, а не и услуги. Прво, зарем рехабилитацијата не е лекување, а второ, ако треба да се прецизира во закон што правеле седум години. Дополнително на ова на страна 142 од програмата на СДСМ за парламентарните избори во 2016 година насловена како План за живот, ветуваа Фонд за лекување во странство на деца до 18 години, истакна таа.

Посочи дека Леонид има 18 години, ама Фондот ветен за лекување во 2016 го нема.

-Во целиот овој случај, како и во сите други кога станува збор за лекување, поентата е да се делува, да се лекува, а не менаџерите во здравството да се фотографираат со пациентот.
На сите им е јасно дека пари за лекување нема затоа што оваа ненародна власт само крадеше седум години, местеше тендери. Затоа сведочевме на случајот Онокологја, местење на тендери како последниот за РЕК Битола. Нема да дозволиме наместо Фондот за здравство да обезбедува средства за лекување, тоа да го прават граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ во иднина нема да дозволи вакви злоупотреби на болни лица. Нема да дозволиме никогаш повеќе да се прави пиар од болни лица. ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се за да се обезбедат средства за лекување, а не да го краде народот како што тоа се случуваше седум години, рече Лозановска.

To top