Загадувањето на воздухот како проблем го имаме и ние и многу држави во Европа и во светот. Овие, шарениве револуционери коишто се бореа за чист воздух, а и зелената трансформирана партија ДУИ и ни ветуваа живот за сите, и кога дојдоа на власт наместо да станат компетитивни со државите со коишто успеале да се изборат со овој проблем, да речеме како што е Република Словенија, каде што концентрацијата на ПМ честички и ако малку се покачи, но не над дозволеното одма се реагира, тие станаа компетитивни со државите каде што криминалот и корупцијата цветаат. И така ја доведоа Република Македонија на 111 место по корупција и криминал, вели Олга Лозановска пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина на тема „Криминалите во РЕК Битола и нивните последици“, во однос на користењето на ниско калоричниот јаглен кој се користи во македонскиот енергетски сектор и набавката на адитиви за јаглен, и дека токму изговорот за борба со загадувањето минатата власт го користеше за испумпување на милиони.
Во однос на тоа како криминалот и корупцијата, посебно во енергетскиот сектор, влијае врз животната средина и здравјето на граѓаните, Лозановска истакна дека минатата власт пред да го преземе раководството со државата ветуваа чист воздух, дека на РЕК Битола, како најголем гигант во енергетиката, ќе му го продолжат векот и дека со имплементација на екостандарди, како што се десулфуризација и промена на електростатските филтри, ќе го подобрат квалитетот на воздухот и животната средина.
„За жал, од сето тоа ништо не видовме. Напротив, не видовме ни десулфуризација да се направи, ни промена на електростатските филтри, ниту видовме еден проект за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух. Спротивно на тоа, видовме само увоз на јаглен и тоа, според мои информации, нискокалоричен, а пишуван како да е високо калоричен увоз на токсичен мазут којшто го користеа за согорување во котлите на РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и увоз на такви адитиви. Се преку коруптивни зделки, за профит и за свои лични интереси“, рече Лозановска.
Лозаноска посочи дека многу често се запрашува која е цената што ја плаќа државата, односно граѓани, заради уништувањето на блоковите во РЕК Битола и заради честите дефекти на блоковите и која е цената којашто ја плаќаат граѓаните со своето здравје заради загадениот воздух којшто го дишеме заради тие ненавремени мерки коишто требаше да бидат преземени.
„Кога доаѓаа на власт и кога ветуваа живот за сите, треба да кажат дека животот ќе дојди за поединци од кај нив. И кога ветуваа дека парите ќе ги носат до граѓаните, требаше да кажат дека парите ќе одат кај поединци од Битола, преку Струмица во Дубаи, каде што сега се шпекулира дека ќе се сместат и си ги сместиле своите бизниси. Навистина, воздухот сите ние го дишеме, истата вода ја пиеме и истата храна ја консумираме“, посочи Лозановска.