Македонија Ја делеа сцената

Љутков со сочувство: Манасков беше искрен професионалец и редок човек, почитуван меѓу колегите и сакан од публиката

„Нека му е вечна слава и нека почива во мир“, напиша Љутков.

Љутков со сочувство: Манасков беше искрен професионалец и редок човек, почитуван меѓу колегите и сакан од публиката

Се простувам од човек со кого делев сцена, време и професија, од уметник кој со својата посветеност, човечност и љубов кон театарот остави длабока трага кај сите нас, напиша министерот за култура Зоран Љутков по смртта на неговиот колега, актерот Лазе Манасков.

„Лазе Манасков беше искрен професионалец и редок човек, почитуван меѓу колегите и сакан од публиката. Неговото присуство, неговиот глас и неговата енергија ќе недостасуваат во македонскиот театар и во Драмскиот театар, кој го сметаше за свој дом.

Упатувам искрено сочувство до неговото семејство, блиските и колегите.

Нека му е вечна слава и нека почива во мир“, напиша Љутков.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Најнови вести од Македонија

To top