Македонија Министерство за култура и туризам

Љутков: Првпат кога станав министер колективниот договор за културата е признаен и обезбедени се дополнителни средства за плати

Не значи дека ако една тужба е усвоена по автоматизам или по судска пракса сите 800 ќе бидат уважени. Има 800 тужби две се во моментот во корист, да не носиме суд на почетокот, рече Љутков во одговор на новинарско прашање на денешниот брифинг со новинарите.

Љутков: Првпат кога станав министер колективниот договор за културата е признаен и обезбедени се дополнителни средства за плати

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков е уверен дека пресметката која е направена за исплата на платите во културата е точна бидејќи, како што вели, таа е во согласност со Министерството и со Владата. Нагласува дека првпат откако тој е министер за култура и туризам Колективниот договор е признаен и се обезбедени дополнителни средства за исплата на платите, а не да се обезбедуваат со кратење од други ставки. Вели дека се поднесени жалби до апелација на пресудите по однос на две тужби за непочитување на тој договор и нагласува дека не треба да се прејудицира какви ќе бидат пресудите за вкупно 800-те тужби кои ги најавија од Синдикатот за култура.

-Не значи дека ако една тужба е усвоена по автоматизам или по судска пракса сите 800 ќе бидат уважени. Има 800 тужби две се во моментот во корист, да не носиме суд на почетокот, рече Љутков во одговор на новинарско прашање на денешниот брифинг со новинарите.

Според него во последните седум години биле обезбедувани само средства за плата на вработените, а им било кратено од програмските активности, и на таков начи културните работници биле направени да бидат неважни во општеството.

-Наназад седум години, од кога е потпишан Колективниот договор, ниту еднаш не биле обезбедени средства од Буџетот на државата за вработените за плати. Никогаш. Секогаш биле кратени програмските активности, средства од претстави, изложби, капитални инвестиции за да се покријат платите. Тоа значи дека Владата на СДСМ претходно никогаш не го признала овој Колективен договор иако Министерството за култура го потпишало. На Влада никогаш не бил признаен. Во 2024 година прв пат кога јас сум министер се добиени дополнителни средства и е признаен овој Колективен договор. Да биде јасно дека се обезбедени дополнителни средства и не е кратено од програмските средства за да се пополнат платите, туку се обезбедени дополнителни средства. И во 2025 година кога е направена новата пресметка Министеството за финансии и Владата даваат согласнст за ваквиот начин на пресмтка и ги надодоплнуваат тие околу 268 милиони денари надвор од програмските активности на Министерството за култура и туризам и од тие причини буџетот е зголемен, рече Љутков.

Медиумите пред неколку денови објавија дека Синдикатот за култура на Македонија информирал оти ја добиле и втората пресуда во корист на културните работници, на кои, како што велат, им биле скратени платите во април за 3 отсто, со непочитување на Колективниот договор за јавен сектор.

Од Синдикатот сметаат дека се надеваат дека министерот за култура Зоран Љутков, како што нагласауваат во објавата, конечно ќе ја признае грешката што ја направил во април 2025 година вработени во културата ќе им го врати тоа што тогаш им го скратил.

Најнови вести од Македонија

To top