Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска заедно со Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на покана на министерот за јавна администрација Горан Минчев присуствуваа на презентацијата на новиот модерен Информационен систем за управување со човечки ресурси.
-Клучот за доверба и стабилност е дигитална, транспарентна и отчетна администрација, објави министерот за култура и туризам Зоран Љутков.
Владата отвори процес на идентификација на нерегуларности во администрацијата, постави контролен механизам за напредување според учинок и со тоа ќе ја врати довербата во институциите, потенцира тој.