Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска се обрати на конститутивнaта седница на Советот за туризам, стратешко и советодавно тело кое има значајна улога во обликувањето и креирањето на туристичката политика на Македонија, со цел унапредување на координацијата и обезбедување системска поддршка за одржлив раст и развој на туристичката индустрија.
Според Љутков ова е голем чекор напред и силен сигнал дека започнуваме нов, поорганизиран и посилен пристап кон туристичките политики.
-Иако процесот на преземање на надлежностите за туризмот беше сложен и бараше сериозно усогласување на законските и институционалните обврски, денес официјално го означуваме почетокот на еден нов и поефикасен пристап во развојот на туризмот. Со формирањето на Совет за туризам воспоставивме функционален систем кој ќе работи во интерес на туристичкиот сектор, стопанството и локалните заедници. Верувам дека со заедничка работа, професионалност и визија ќе креираме политики и мерки што ќе донесат конкретни и видливи резултати, вели Љутков.
За претседател на Советот е избран Кристијан Џамбазовски.
Министерот очекува силна, координирана и конструктивна соработка.